Членови

 Структура

Економско-социјалниот совет, согласно Спогодбата, е составен од 12 членови: четири члена именува Владата, четири члена именуваат репрезентативните здруженија на работодавачи на територијата на Република Северна Македонија и четири члена именуваат репрезентативните синдикати на територијата на Република Северна Македонија.

 Претседател на Економско-социјалниот совет

  • Бесар Дурмиши, министер за економија и труд

Бесар Дурмиши претседател Министер за економија и труд
Марјан Ристески заменик член Заменик министер за економија и труд
Фатмир Лимани член Министер за социјална политика, демографија и млади
Ѓоко Велковски заменик член Заменик министер за социјална политика, демографија и млади
Гордана Димитриеска-Кочоска член Министер за финансии
Николче Јанкуловски заменик член Заменик министер за финансии
Весна Јаневска член Министер за образование и наука
Дритон Сулејмани заменик член Заменик министер за образование и наука
Слободан Трендафилов член Претседател на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ)
Игор Ѓерасов член Сојуз на синдикатите на Македонија (ССМ)
Иван Пешевски заменик член Сојуз на синдикатите на Македонија (ССМ)
Трпе Деаноски заменик член Сојуз на синдикатите на Македонија (ССМ)
Благоја Ралповски член Претседател на Конфедерација на слободни синдикати на Македонија (КСС)
Јаким Неделков член Конфедерација на слободни синдикати на Македонија (КСС)
Зоран Дионисијев заменик член Конфедерација на слободни синдикати на Македонија (КСС)
Васко Перчаковски заменик член Конфедерација на слободни синдикати на Македонија (КСС)
Владанка Трајкоска член Претседателка на Организацијата на работодавачи на Македонија (ОРM)
Ангел Димитров член Организација на работодавачи на Македонија (ОРМ)
Весна Богдановска член Организација на работодавачи на Македонија (ОРМ)
Љупчо Фармакоски член Организација на работодавачи на Македонија (ОРМ)
Томе Петковски заменик член Организација на работодавачи на Македонија (ОРМ)
Фисник Осеку заменик член Организација на работодавачи на Македонија (ОРМ)
Ѓорѓи Петрушевски заменик член Организација на работодавачи на Македонија (ОРМ)
Борис Хрисафов заменик член Организација на работодавачи на Македонија (ОРМ)

 

Управување 

Економско- социјалниот совет ја има следнава структура на управување:

  • претседател и двајца заменици на претседателот
  • секретар

Претседателот на Советот е министерот за економија и труд, кој е член на Советот по функција.

Претседателот на Советот го претставува и застапува Советот пред надлежните органи и јавноста, ги свикува седниците, предлага дневен ред, ја координира и усогласува работата.

Секретарот на ЕСС е лице од Министерството за економија и труд, определено од министерот за економија и труд.

Организациските, административните и техничките работи на ЕСС и неговите работни тела се извршуваат во Одделението за социјално партнерство при Министерството за економија и труд.

Надлежности

  • ги следи, проучува и оценува влијанието на економската политика и мерките на економската политика на социјалната стабилност и развој;
  • ги следи, проучува и оценува влијанието на социјалната политика и мерките на социјалната политика на економската стабилност и развој;
  • ги следи, проучува и оценува влијанието на промените на цените и платите на економската стабилност и развој;
  • му дава образложено мислење на министерот за труд за прашања и проблеми поврзани со склучувањето и примената на колективните договори;
  • им предлага на Владата, работодавачите и синдикатите, односно на нивните здруженија на повисоко ниво, водење на усогласена политика на цени и плати;
  • дава мислења по предлози на закони од областа на трудот и социјалната сигурност;
  • ја промовира и поттикнува идејата на тространа соработка (трипартитен социјален дијалог) помеѓу социјалните партнери за решавање на економските и социјалните прашања и проблеми;
  • го поттикнува мирното решавање на колективните работни спорови;
  • дава мислења и предлози на министерот за труд во врска со другите прашања утврдени со овој закон.

-Економско социјалниот совет може да основа одбори и комисии за поедини прашања од својот делокруг.

-Економско социјалниот совет донесува деловник со кој се уредува начинот на работата на советот.

Заклучоци

Економско-социјалниот совет разгледува законски и други прописи, национални стратегии и програми кои што се во врска со економско-социјалните интереси на работниците и работодавачите, проекти и материјали од економската и социјалната сфера и при тоа се носат соодветни предлози, мерки и заклучоци. Заклучоците во однос на законските прописи се доставуваат до Владата на РСМ и Собранието на РСМ.